Mazedonisch (македонски)

Во Психосоцијалниот Центар за Бегалци „РЕФУГИО Туринген“ доаѓат луѓе, кои ги напуштаат своите домови поради: војна, политички прогонувања, фамилјарно насилство или други трауматични доживувања. Овде во Германија, многумина од нив се многу оптоварени со сеќавањата на доживувањата и опасностите во вашииот роден крај. Иако искуството е далеку назад во минатото, тие сеќавања повторно се враќаат. Тие чувства се тешко надминливи, и пребродливи. Луѓето со вакви доживувања најчество чувствуваат  страв и неконтролиран бес. Овие состојби најчесто се манифестираат со големи главоболки и болки низ целото тело. Обично луѓето во вакви ситуации се обраќаат кај Доктор, но препишаните лекови од страна на докторот не помагаат. Појавата на несоница и нарушување на сонот проследено од кошмари се исто така многу честа појава. Горе наведените ситуации и симптоми можат да се појават и во нормални ситуации.

Затоа ќе се погрижи нашиот Тим РЕФУГИО (Туринген), во кој се вработени психолози, кои ви ја нудат нивната психотераписка помош. Нашите социјалните работници ќе ве советуваат за сите ваши прашања поврзани со Азил, станбена ситуација, понатамошно живеење во државата, управа за странци, здравствена состојба, работа и работна дозвола, школувањето на вашите деца. Исто така нудиме медицинска терапија, телесна терапија и терапија преку креативност.

 

Ние во РЕФУГИО Туринген нудиме атмосфера полна со доверба, каде вашите  актуелни проблеми и оптоварливи и трауматични доживувања можат да се решат. Ние слушаме и имаме време и разбирање. Ние ви нудиме заедничко совладување и решавање на вашите проблеми.

 

Ве молиме обрнете внимание на тоа да закажете термин со нашите колеги, кои се достапни за вас. Вашите податоци се заштитени во сигурни раце и нема да бидат злоупотербени. Нажалост закажувањето на првиот термин може да потрае дури и до неколку месеци, поради големата побараност на помош, ве молиме да имате разбирање за тоа.

 

Дадете ни до знаење ако вашите податоци за контакт се изменат или ако вашата здравствена состојба се влоши или подобри. Ние ви нудиме бесплатна помош, ние ќе ги превземиме и вашите патни трошоци. Исто така ќе има и преведувач ако имате тешкотии со разбирање на јазикот. Тука ќе го најдете и формуларот за пријавување. (Ве молиме пополнете го формуларот на германски или англиски.)

 

Контакт:

Лазалештрасе број:8

07743 Јена

Teлефон.: (03641) 22 62 81

Факс:  (03641) 23 81 98

 

Шилерштрасе број:44

99096 Eрфурт

Телефон.: (0361) 60 26 80 79

Факс:  (0361) 74 42 95 66

 

Контактот на вработените е достапен на следниот линк.

Ако имате недоразбирање или пак критика за нашата работа или кон некој од вработените можиге да се обратите тука. Вашите Податоци и критики ке бидат заштитени и анонимни. Ви благодариме за вашата повратна информација.

Обратете се тука:

Tелефон: 03641/ 226281

Eмаил (електронска пошта): koordination@refugio-thueringen.de